Програмерот Еди Типтон од Ајова вели дека само сакал нов предизвик кога со измама заработил 24 милиони долари!
Типтон го хакирал кодот за лотарија, кој му овозможил на лото да освои вртоглава сума на пари.
„Usa Today“, објавила фасцинантна приказна за овој програмер, која започнала во 2005 година.
Работејќи за Меѓудржавната асоцијација на лотарија, како софтверски програмер и директор на ИТ безбедност, Типтон еден ден се сретнал со својот книговодител Џин Шалер, кој додека се разминувале, му довикнал дали и тој ги уфрлил своите тајни броеви во кодот?
Шалер со тоа сакал да укаже на тоа дека ако Типтон веќе создал софтвер за генерирање на лотариски броеви, секако ништо не го спречувало да ги добие токму оние броеви кои ги сака.
Токму тоа беше она што програмерот го направил, го подесил системот, за да неговиот брат Томи ја освои наградата. Браќата Типтон се уапсени поради направената измама во 2015 година.
Томи добил 75 дена служење на затворска казна, додека Еди кој денеска има 54 години, е осуден на 25 години затвор.
Тоа што е особено фасцинанто во целата приказна е дека Лотаријата го ангажирала Еди и покрај неговото криминално минато. Кражба на магацин и кражба на софтвер од компанијата „Sears“ во тинејџерските денови.
Книговодителот Шалер, кој на програмерот му ја предложил неморалната идеја, сеуште работи за Асицијацијата.