Девојката која го уапси Марко Џуриќ сакала да пука во него

Марко Џуриќ извлекол жива глава од Косово. Снимките од бруталниот упад на припадниците на ROSU, ќотекот и малтретирањето со калашникови врз невооружените Срби, како и тортурите низ кои минал директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија го потресоа регионот, додека Западот главно го игнорираше ваквиот настан.

Меѓу оние кои нишанеле во недолжните луѓе, како што пренесуваат приштинските медиуми, била и Маригона Беадини, блиска пријателка на Рамуш Харадинај и, како што се наведува, некогашна шампионка во бокс.

„Маргиона го претставувала Косово на меѓународен натпревар во бокс по што одлучила да им се приклучи на единиците на ROSU“, се наведува во текстот на bota.sot.

Фотографиите на социјалните мрежи од почетокот на нејзината кариера на кои се гледа дека е прегрната со Харадинај покажуваат дека некогашниот командант на ОВК и воен злосторник од самиот старт ја поддржувал својата миленичка, која очигледно е подготвена доколку е потребно да ги изврши и најделикатните задачи, како што е тепање Срби.

Како што наведуваат приштинските медиуми, Маригона Беадини е една од членките на злогласната едница ROSU.

 

Scroll to Top