(Фото) Изеде шницла пред протестантите за права на животните

Шеф на кујна во Торонто сечел месо од елен пред прозорецот на својот ресторан, каде што биле собрани демонстранти кои протестирале за правата на животните.

Додека демонстрантите стоеле пред ресторанот, тој го зел ножот и почнал да го одвојува месото од коските. Еден од активистите за правата на животните го снимил овој настан и прокоментирал дека тоа го направил само за да им се потсмева.

Мајкл Хантер, готвач и сопственик на ресторан „Антлер кујна и бар“ во Торонто, ниту еднаш не ги погледнал активистите, ниту, пак, им рекол нешто, пренесува National Post.

Наводно полицајците кои пристингале на протестот влегле во ресторанот за да разговараат со сопственкот, но полицијата негира дека му рекле да прекине со тоа.

„Тоа е негов ресторан и внатре може да прави што сака“, соопштиле од полицијата.

Кога Мајкл завршил со сечењето се вратил во кујната. По половина час, се вратил со шницла во бела чинија, веројатно од еленот што го сечел пред демонстрантите.

Седнал на масата покрај прозорецот и почнал да ужива во оброкот. Протестаните воопшто не биле воодушевени.

„Се шокирав! Ова баш ме растажи. За мене тоа е животно кое не сакало да умре“, изјавила организаторката на протестот, Марни Угар.

Тоа е петтипат како протестантите се собираат пред ресторанот носејќи транспаренти со натпис „Антлер има крв на рацете“ и „Убиство“.

„Мислам дека го имаме изнервирано затоа што стоиме пред неговиот ресторан и му влијаеме на работата. Претпоставувам дека на овој начин сакаше да ни се одмазди“, изјави Угар.

Мајкл Хантер преку медиумите соопштил дека протестите се нормална појава во оваа индустрија и дека не е изненаден.

„Ќе служиме како и досега, а ресторанот е познат и популарен кај голем број луѓе“, изјавил тој.

 

 

 

Scroll to Top