Лијана Глори, која е жител на селото Лејсбија во австралиската држава Викторија, стравува дека веќе ја изгубила битката со тревата што ѝ ја голта куќата.
Станува збор за егзотичната билка наречена Хилманова паника, која полека но сигурно го презема ова мало место.
Тревата толку го опколила домаќинството што Глори вели дека таа како да има свој сопствен ум. Безбројните обиди да го уништи ова растение паднале во вода, така што тревата во моментов пораснала до тој степен што веќе ѝ го допира и лицето на Лијана. Со оглед на тоа дека е многу сува, ветерот лесно ја пренесува.
„Мојата ќерка и јас буквално моравме да се пробиеме низ тревата за да стигнеме до кантите за ѓубре. Само расте и расте. Понекогаш не можам да ја користам главната врата од куќата. Толку пораснала што е невозможно да излезам“, вели загрозената жена.
Ширењето на Хилмановата паника до тој степен напредувало што го затворила главниот селски пат, а жителите побарале помош и преку социјалните мрежи.
“It was up to the eaves on the house and all over the driveway!” Laceby resident Leanne Gloury desperate for help as thousands of tumbleweeds invade her home. Details @9NewsBorderNE at 6 pic.twitter.com/FypI6xkuh6
— Caitlin Knight (@caitlinlknight) March 21, 2018
„Тревата во текот на сушната сезина пука и го разнесува семето. Каде и да дувне ветер, таа повторно никнува. А еднаш кога ќе стигне во куќата, невозможно е да се исчисти“, објаснува Глори.
Покрај метењето, корнењето, употребата на косилки, кои се расипуваат затоа што тревата го блокира сечивото, дувањето на листовите и бројните други методи, таа едноставно останала без идеја.
This is Leanne and her house, which is currently being overtaken a plague of exotic grass called “Hairy Panic”. She needs your help: https://t.co/kbwpYOQKv3 via @newscomauHQ pic.twitter.com/TIHF5L9VuP
— Matt Young (@MattYoung) March 28, 2018
Слична епидемија се случила во 2016 година, кога растението загрозило 20 домаќинства, но никогаш досега ситуацијата не била толку лоша.