Му израснал црн тартуф на кровот, печурка вредна 5000 евра за килограм

Големо воодушевување завладеало меѓу француските гурмани кога во еден париски кров биле откриени големи диви печурки. Се верува дека откриените печурки тартуфи кои се откриени во близина на зградата во близина на Ајфеловата кула, се први од ваков вид во главниот град на Франција.

Тартуфите обично растат во јужните делови на земјата, каде има медитеранска клима и од земјата ги вадат посебно издресирани свињи или кучиња.

Цената на овие ароамтични печурки неодамна се удвоила, на 5000 евра за килограм.

Зимскиот црн тартуф е откриен во Париз, и претставува најскап вид од овие печурки, а куварите исклучително ги ценат и ги користат во комбинација со школките, колбасиците и компирите.

Експертите во францускиот природнонучен музеј велат дека е извонредно што печурките од овој вид успеале да израснат далеку од своето природно живеалиште.

„Од исклучителна важност за овој див тартуф е крововите каде израснал биде зелен поради урбаната биоразноликост“, велат од музејот.

Експертот за печурки професор Марк Андре Селос, истакнува дека појавата на тартуфот во северен град е нешто исклучително.

„Тоа покажува дека повторно може да се случи ваков пример“, велат од музејот.

Власите во француската престолнина се обидуваат во наредните две години да ги претворат крововите на деловните згради и остантите простори од 405.000 квадратни метри, во еден вид на градини.

Scroll to Top