Рускиот амбасадор во Скопје Олег Шчербак изјавил дека Русија останува на ставот дека Македонија не треба да стане дел од НАТО.
Тој изјавил дека со пристапувањето на Македонија, НАТО нема да допринесе за поголема безбедност и сигурност, туку би можела да биде цел на евентуален конфликт меѓу Русија и Алијансата.
Шчербак изјавил дека во случај на агресија на НАТО кон Русија, ако Македонија биде дел од НАТО, таа би можела да биде легитимна цел на рускиот одговор.
„Вие како одговорни граѓани на својата земја треба да размислите дека по евентуалното зачленување во НАТО, Македонија ќе стане дел од воената машинерија на Алијансата, а ако се случи агресија на НАТО на Русија, вие ќе ја имате судбината на места во возвратниот удар. Дали тоа треба да ви се случи?“, прашал Шчербек.

Рускиот амбасадор во долгото образложение на конференцијата за новинари, зошто Македонија не би требало да стане членка на НАТО, изјавил дека земјата е опкружена со земји членки на Алијансата, прашувајќи се – кој би можел да ја нападне?, НАТО или можеби вонземјани? –
По неговите зборови, зачленувањето во НАТО може да и нанесе сериозна штета на регионалната безбедност и атмосферата на доверба, што може да влијае на односите меѓу Македонија и Русија.
Тој изјавил дека таквата одлука треба да биде донесена на референдум.
„Нема да и наметнеме ставови на вашата земја со кого да биде пријател и со кого треба да соработува, но имаме човечка должност да на нашите македонски другари им кажеме дека таквата судбоносна одлука, како што е зачленувањето во агресивен военополитички блок, треба да се донесе по внимателно размислување за последиците“, изјавил Шчербак.