Состојки
600 гр брашно
1 свеж квасец
200 мл млеко
200 мл јогурт
100 мл масло
2 јајца
малку сол
1 лажица шеќер
Премаз
1 јајце
250 гр маргарин
- Во топло млеко со шеќер се става квасецот да се активира. Потоа од сите состојки се замесува глатко, меко тесто. Тестото веднаш се дели на 8 топчиња и се оставаат да мируваат 10мин.
- Првото топче се сучи величина колку тацна од кафе, се премачкува со маргарин. Така се сучат и другите топчиња и се премачкуваат со маргарин и се ставаат едно врз друго. Последниот дел од тестото не се премачкува. Се остава да се одмори 15мин.
- Сега добро се побрашнува работната маса и тестото се сука во голем круг.
- Кругот се сечи на половина хоризонтално, а потоа се сечат долги триаголници кои се широки 7см.Се ролаат и се ставаат во тава за печење на хартија.
Вака приготвените кроасани се оставаат да стојат 1,5 до 2 часа на собна температура.
- Кога кроасаните ќе нараснат, се премачкуваат со разматено јајце и се посипуваат со сусам, лен крупна сол …по желба…
Се ставаат да се печат во загреана рерна на 180С и се печи додека да поруменат.