Кроасани како од пекарница

Состојки

600 гр брашно

1 свеж квасец

200 мл млеко

200 мл јогурт

100 мл масло

2 јајца

малку сол

1 лажица шеќер

Премаз

1 јајце

250 гр маргарин

  1. Во топло млеко со шеќер се става квасецот да се активира. Потоа од сите состојки се замесува глатко, меко тесто. Тестото веднаш се дели на 8 топчиња и се оставаат да мируваат 10мин.
  2. Првото топче се сучи величина колку тацна од кафе, се премачкува со маргарин. Така се сучат и другите топчиња и се премачкуваат со маргарин и се ставаат едно врз друго. Последниот дел од тестото не се премачкува. Се остава да се одмори 15мин.
  3. Сега добро се побрашнува работната маса и тестото се сука во голем круг.
  4. Кругот се сечи на половина хоризонтално, а потоа се сечат долги триаголници кои се широки 7см.Се ролаат и се ставаат во тава за печење на хартија.

Вака приготвените кроасани се оставаат да стојат 1,5 до 2 часа на собна температура.

  1. Кога кроасаните ќе нараснат, се премачкуваат со разматено јајце и се посипуваат со сусам, лен крупна сол …по желба…

Се ставаат да се печат во загреана рерна на 180С и се печи додека да поруменат.

 

Scroll to Top