Канаѓанка секој месец до крајот на животот ќе добива по 1000 долари

Тинејџерката од Канада Шарли Лагард, која го купила своето прво лотариско ливче за да го прослави 18. роденден, освоила џек-пот. Таа ќе добива 1000 долари месечно до крајот на животот.

Канадските медиуми известуваат дека Лагард го прославила роденденот со шише шампањ и тикет што го платила четири долари.

Таа во понеделникот ја добила првата исплата, што ја поделила со членовите на семејството и пријателите, а на претставниците на лотарија им рекла дека се надева дека ќе студира фотографија.

 

Scroll to Top