Најдолгиот „зиплајн“ на светот неодамна е отворен на планината Џебел Џаис, северно од Дубаи, и претставува најнова атракција на Обединетите Арапски Емирати, со кој оваа земја влезе во Гинесовата книга на рекорди.
Најновата атракција на северот на УАЕ, на посетителите им овозможува да патуваат речиси три километри, со брзина од 120 километри на час до 150 километри на час и тоа на висина од 1680 метри. Должината е еквивалентна на големина на 28 фудбалски терени.
„Зиплајн“ може да издржи дури 100.000 луѓе годишно, а иако нема ограничување кога е возраста во прашање, корисниците мораат да бидат високи најмалку 1,22 метри и не смеат да бидат потешки од 150 килограми.
Најновиот арапски рекорд ќе биде додаден на листата на достигнувања на кои веќе се наоѓаат највисоката зграда на светот и прочуените вештачки острови во облик на палма.
(Telegraf.rs)