Годишно заработува 40.000 долари како професионална сирена

Роса Медина некогаш држела предавање во њујоршкиот Аквариум за морските цицачи, а сега заработува како морско суштество, барем како она митското, сирена.

Се почнало кога доживеала прекин на работата на белите дробови во 2005 година. Веднаш потоа почнала да тренира пливање, за да се опорави. Пријателите ја советувале да плива со перја за да и биде полесно. Медина така ги открила моноперајата и го открила целиот таен свет на професионални сирени.

„Си реков самата на себе си, што е сето ова? Почнав да истражувам за морските сирени и се што тие прават. Гледав видео снимки и читав за нив. Си реков самата на себе си дека прават нешто прекрасно и ги развеселуваат децата кои уживаат со нив. Дефинитивно можам ова да го работам“, изјавила Медина.

Работно или уметничко име и е Сирена Ланаи, инспирирано од хавајскиот остров, а во нејзиниот асоритман има различни пакети услуги и цени.

„На почетокот тоа го работев како хоби. Но, кога почнав професионално, имав веќе некои референци. На почетокот заработував 100 до 140 долари по настан, зависи каков бил опсегот“, објаснила таа.

Сега наплатува меѓу 200 долари и 800 долари за настан.

„Последната забава на која бев, наплатив 300 долари, а тоа е за мокро-сув аранжман, затоа што влегол во базенот и пливав со децата еден или два часа.

„По тој еден саат, се дружев со нив на суво, во костим, тогаш пеевме роденденски песни и си игравме“, објаснува Медина, за тоа како изгледа еден нејзин типичен ангажман.

Освен за детските родендени, таа е ангажирани и за други цели, како на пример да му помогне на момчето да ја запроси девојката.

Во моментов имам опашка изградена по мерка. И го дизајнирал нејзиниот сопруг според боите кои таа ги преферира. Ова е трета опашка по ред, тешка околу 20 килограми, целосно е направена од силикони и чини 3000 долари.

Медина напоменува колку чини и нејзината опрема за која доста троши. Таа троши и на квалитетна водоотпорна шминка, која секој пат мора да ја стави за да го оживее ликот на својата сирена. Со овие трошоци, Медина заработува околу 40.000 долари годишно.

 

Scroll to Top