Навивачи на хрватската Цедевита викаа „Ова е Србија“ во Црна Гора!

Кошаркарите на црногорскиот Будуќност и хрватската Цедевита вечерва ќе играат „мајсторка“ за пласман во финалето на АБА-лигата, пред што една група хрватски навивачи во Подгорица извикуваа „Ова е Србија“, како „вратка“ за сличниот инцидент кој се случи во Загреб минатата недела.

Ова го „фати“ Фејсбук групата на страницата „Поинаква радио станица“. Минатата недела дел од навивачите на Будуќност беа уапсени во Загреб, каде што го нарушуваа јавниот ред со викање „Ова е Србија“.

Scroll to Top