Германија мора да увезе 17.000 работници, а ќе го забрза и процесот на нострификација на дипломите

На Германија повторно и недостасуваат повеќе од 17.000 работници во секторот за туѓа нега и помош.

Новиот министер за здравство Јенс Шпан сака да го намали недостаатокот на овој драстичен недостиг, со засилен увоз на работници од земјите во Европската унија.

„Повторно ќе се обидеме да ја активираме домашната работна сила, а истовремено интезивно бараме и негователки од европските комшии. Во ЕУ на сила е правилото на слободно движење на работна сила“, изјавил Шпан.

 

Тој најавил и забрзана нострификација на дипломите од странство.

„Понекогаш овие процеси траат со месеци и години пред да на лекарите и негователите кои се веќе тука и кои можат да работат, им се признаат дипломите“, изјавил Шан и додал дека овој проблем во соработка со сојузните покраини, забрзано ќе се решава.

Шпан на критиката поради тоа што од другите земји на ЕУ сака да ги собере дефицитарни работници, одговори дека засилениот увоз на негователки од останатите ЕУ земји е само еден од механизмите во процесот на решавање на проблемот со драстичниот недостиг на овие работници во Германија.

Еден од поважните елементи во програмите, со кои дејноста на негователките би се направила попримамлива меѓу останатото е ѝ зголемувањето на платите. Медиумите предупредуваат на фактот дека многу негователки работат на одредено време преку агенцијата која ја плаќаат под договорениот ценовник.

Регуларно и за полно работно време вработените негувателки заработуваат месечно околу 3000 евра бруто, додека во исто време оние кои се вработени преку агенцијата заработуваат околу 500 евра помалку.

 

Според последните статистики од 2015 година, во Германија работат околу 300.000 странски негувателки, а најмногу доаѓаат од Полска, а потоа и Босна и Херцеговина и Казахстан.

Scroll to Top