Преживеал сексуален напад од лос

Џереми Ларсен, ловџија од Мичиген, САД,  преживеал  напад од огромен лос додека ловел во Канада и е во критична состојба.

Додека ловел со своите брат и внук во близина на едно езеро во градот Онтарио, Џереми Ларсен случајно се намокрил со урина од лос. Решил да ја напушти групата и да се врати во кабината, која била оддалечена три милји, за да се пресоблече.

На околу една милја до кабината Џереми бил нападнат од машки лос тежок околу 500 килограми.

Се обидел да се одбрани со своето оружје , но примил голем број удари од роговите на дивото животно.

Додека лежел на колена беспомошно, моќното животно ги триело гениталиите од него имитирајќи сексуален однос.

Повредениот ловџија бил пронајден по неколку часа од страна на братот и внукот, кои исто така се враќале кон кабината.

Џереми Ларсен веднаш бил транспортиран со хеликоптер во болница во Торонто, каде што докторите ја стабилизирале неговата состојба. Добил скршени ребри и 15 фрактури на коските, но лекарите не се плашеле за неговиот живот.

Надлежните истакнале дека оваа е трет напад во оваа провинција од 2011 година со незгода од урина од лос.

 

 

 

Scroll to Top