Кина воведува царини за 128 американски производи

Кина во понеделникот објави противмерки на увозот на американски производи наметнувајќи царина во висина до 25 отсто на 128 одредени производи како одговор на американските царини на челикот и алуминиумот, објавиле од кинеското Министерство за финансии, а јавува агенцијата Xinhua.

Службен Пекинг предупреди минатиот месец дека размислуваат за воведување царина, што предизвикало загриженост поради можното избивање трговска војна меѓу тие два светски економски гиганта.

Од овошје до свинско месо

Новите кинески даноци, кои ги одредува комисијата задолжена за царински тарифи во рамките на кинеската влада, се однесуваат на разни производи, од овошје до свинско месо.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 22 март најави дека САД ќе воведат нови царини на 60 милијарди долари увезена кинеска стока, што предизвика немир на светскиот финансиски пазар.

Од денеска во сила се нови кинески царини, кои се зголемени 25 отсто, на американското свинско месо, алуминиумот и некои други производи, соопштиле од Министерството за финансии додавајќи дека исто така 15 отсто се зголемени тарифите за увоз на јаболка, бадеми и други земјоделски производи од САД.

Берзанските индекси во Токио и Шангај пораснале 0,5 отсто на трговијата во попладневните часови по локално време.

Тарифниот спор е еден од аспектите од широкиот спектар на тензии што се појавиле меѓу Вашингтон и Пекинг и тоа поради вишокот милијарди долари трговски суфицит на Кина со Соединетите Американски Држави и политиките на земјите кон преземање на технологијата, индустрискиот развој и пристапот на странските инвеститори на пазарот на кој доминираат домашните компании под контрола на државата, наведува АП.

Пекинг објави дека минатата година трговскиот дефицит на САД изнесувал 275,8 милијарди долари или две третини од нивниот вкупен суфицит во трговијата со светот, а Вашингтон дал целосен поинаков податок наведувајќи дека американскиот трговски дефицит со Кина достигнал рекордни 375,2 милијарди долари.

Кој лаже и прикажува погрешни податоци може само да се погодува. Но, со сигурност знаеме дека некој многу бргу ќе се задуши во ѓубрето ако продолжи ваквата трговска војна.

 

 

Scroll to Top