Речиси 2000 Русинки се соблекоа во бикини за да учествуваат во најлудиот ски настан оваа зима и да се обидат да го соборат Гинисовиот рекорд.
Љубителите на снежните спортови викендов учествуваа во несекојдневно натпреварување во Сочи во Русија, облечени само во костими за капење, иако во текот на денот температурата беше околу 12 степени.
Околу 20.000 луѓе ги следеа скијачите, од нив 1008 се обиделе да го соборат Гинисовиот рекорд спуштајќи се низ патеката во костими за капење.
Во 2017 година во сибирското одморалиште Шерегеш 1498 скијачи и сноубордери се обиделе да го соборат овој светски рекорд и да бидат запишани во Руската книга на рекорди, но не биле приложени доволно докази за да се добие официјална одлука од Гинис.
Погледнете како тоа изгледало минатата година: