Научниците, но и локалното население се загрижени поради тоа што пустината Сахара во последниот век премногу се зголемила, а продолжува и натаму да расте.
Пустината Сахара само во последните неколку децении се зголемила за повеќе од 10%.
Новата студија објавена во магазинот „Клима“ покажала дека за зголемувањето на најголемите светски пустини речиси сигурно се виновни климатските промени со кои што се соочува планетата Земја.
Со анализата на податоците собрани од 1923-та година до денес, научниците го истражувале влијанието на низа на фактори на количината на дождови на пустината Сахара која што моментално зазема површина голема колку и САД.
Овие податоци се од големо значење за животите на жителите на граничните подрачја на Сахара – Сахел, зона во Африка која што се наоѓа помеѓу Сахара на северот и плодните региони кај Судан на југот.
И додека светската популација расте од ден во ден, жителие на „рабовите“ на Сахара не можат да дозволат губење на ниту најмал дел од ретката плодна и обработлива почва која што е опкружена од пустини. Но, тоа што посебно ги загрижува научниците е тоа што фактот дека овие откритија не се поврзани само за подрачјето на пустинска Сахара.
„Нашето истражување е поврзано со Сахара, но веруваме дека слична состојба владее и во останатите пустини во светот“, изјави професор Сумант Нигам од Универзитетот во Мериленд, еден од авторите на големата студија.
Научниците откриле дека на ширењето на пустините влијае комбинацијата на климатските промени, како климатските циклуси, па така и климатските промени на кои што влијаеле луѓето.