Турската актерка Неслихан Атагул од дете има успешна актерска кариера. Деновиве ја гледаме во улогата на Нихан во популарната серија „Карасевда“. Таму глуми заљубена девојка која е присилена на брак за да го спаси своето семејство.
Но, малкумина се сеќаваат дека оваа актерка глумеше и во серијата „Кога лисјата паѓаат“, првата турска серија што се прикажуваше во Македонија. Во таа серија Неслихан ја глумеше Дениз, внуката на лошата свекрва Џеврие која ѝ создаваше проблеми на нејзината помајка Фикрет.