Последните зборови на Исус Христос на крстот, со значење кое секој од нас треба да го знае

Ова се последните зборови на Исус Христос кој ги изговорил пред да умре на крстот. Секоја од овие реченице има свое длабоко значење.

Оче прости им не знаат што прават! Со оваа реченица Исус покажал милост и кон своите непријатели и со тоа докажал дека злосторниците никогаш не знаат што прават. Со оваа реченица, Бог ни порачува да не се одмаздуваме и да не посакуваме никому лошо дури и на своите непријатели, односно кон оние кои не исмеваат, осудуваат, оговараат, затоа што Божјата милост, знаење и универзалната љубов е Бог кој што тој ја дава на сите оние кои што сакаат да ја примат.

Навистина ти велам, денес ќе бидеш со мене во Рајот. Оваа реченица на Христос е посветена на разбојникот кој исто така бил распнат на крст до него. Иако бил распнат Исус својата мисија ја вршел до последниот здив. Тој ќе ги спаси и оние кои ќе покажат најмала волја во желбата за тоа.

Жено, ете ти син. Овие зборови Исус ги изговорил на својата мајка која стоела под крстот на својот распнат син. Со оваа реченица тој искажал грижа за своите родители што секој од нас мора да биде свесен за жртвата која тие ја даваат целиот свој живот, колку и да е таа голема.

Боже, Боже мој, зошто ме остави? Со оваа реченица е искажана човечката немоќ затоа што човекот страда. Овие зборови го разбива и ересот, кој го разбивала црквата, а тоа е божеството страдало на крстот.

Жеден сум! Жеден за што? Вода или љубов? Оставен и распнат на крст навредуван и исмеан од стотината војници и понижуван, тој ги изговара овие зборови. Затоа внимавајте како се однесувате кон своите блиски, затоа што и тие може да ожеднат поради недостаток на љубов.

Оче во рацете твои ти го предавам Духот свој. Во рацете на Таткото, тој го предава духот свој, во рацете на тој од каде дошол. И да се знае каде ќе отидат и нашите души по смртта. Во рацете на нашиот спасител и избавувач.

Заврши се. Тоа значи дека завршила мисијата на искупување на родот човеков. Заврши смртта на синот Божји, завршија маките, а животот штотуку почнал…

 

 

 

 

 

Scroll to Top