Како Американците со еден закон уништиле цел народ

На денешен ден во 1882 година федералната влада во САД донела документ со кој се забрануваат сите јазици на индијанските племиња, нивните религии, култури и обичаи.

Американските законодавци сметале дека е неопходно брзо асимилирање на староседелците во американското друштво, а потоа и го усвоиле овој документ како официјална политика.

Американските староседелци, погрешно наречени Индијанци, се народи кои од праисторијата биле населени од краевите од арктичка Канада и Алјаска до Огнената Земја во Чиле и Аргентина, а меѓусебно се разликувале по јазиците, културата и физичкиот изглед.

Ова име го добиле по Индија затоа што доселениците погрешно мислеле дека се работи за брегот на Индија, а не за новооткриениот континент Америка.

Жителите на САД, официјално, повеќе не ги нарекуваат Индијанци, туку американски домородци, односно староседелци.

Современите Индијанци, и покрај тоа што повеќето од нив се христијани, се држат до своите домородни стари верувања и обичаи. Околу 30.610.387 од нив говорат некои од домородните јазици како материјални, а многумина се асимилирани и ги говорат само англискиот, шпанскиот, португалскиот, францускиот или холандскиот јазик.

Непознато е колку домородци живееле на американскиот континент во моментите кога пристигнал Кристофер Колумбо. Процените се движат од најмалку 10.000.000 до повеќе од 100.000.000. Денеска, на американскиот континент живеат околу 52.000.000 Индијанци, околу 125.000.000 местици и околу 801.000 замбоси.

Марлон Брандо на 5 март 1973 година го одбил „Оскарот“ за најдобар актер за улогата Вито Корлеоне во филмот „Кум“, а тој потег бил изненадување за сите.

Во текот на шеесеттите години од минатиот век кариерата на Марлон Брандо почнала да бледнее, а двата филма што ги сними не минале како што се очекувало. Тоа изродило шпекулации дека на неговата кариера ѝ се ближи крајот, а кружеле и приказни за непослушното однесување за време на снимањето на овие филмови, па важел за еден од најнепосакуваните актери.

Ноќта во пресрет на 45. доделување на наградите Брандо објавил дека ќе ја бојкотира церемонијата и ќе ја испрати Сашин Литлфедер, малку позната актерка, да оди место него. Таа била активистка на движењето за правата на американските староседелци. Кога водителите на церемонијата, Лив Улман и Роџер Мур, тој 5 март го изговориле името за најдобар актер, не го направиле тоа низ смеа. Мур требало да ѝ ја предаде наградата на Сашин Литлфедер, која на бината се појавила во традиционална облека од племето Апачи. Но, таа ја одбила.

„Вечерва дојдов во името на Марлон Брандо и ме замоли да ви пренесам дека нема да можам да ја прифатам оваа великодушна награда. Причината за тоа е третманот што го имаат Индијанците во филмската индустрија. Извинете“, изјавила таа.

Индијанците денеска за повеќето Американци се заборавена нација, потисната и исфрлена во руралните подрачја, каде што живеат под границите на сиромаштијата.

 

 

 

 

Scroll to Top