Марк Цукенберг откри како „Фејсбук“ заработува пари од нашите податоци

Творецот на „Фејсбук“, Марк Цукенберг, кој се појави пред Конгресот поради протекување на личните податоци на корисниците, во еден момент откри како точно социјалната мрежа заработува пари.

Цукенберг во своето излагање дал фасцинантен вовед за тоа како „Фејсбук“ масовните бази на податоци од своите корисници ги претвора во пари.

„Постои голема заблуда во врска со ‘Фејсбук’, а тоа е дека ние продаваме податоци на огласувачите. Ние не продаваме податоци. Ние никому не продаваме податоци“, изјавил Цукенберг.

И тоа е вистина. „Фејсбук“ заработува пари преку рекламите. „Фејсбук“ не им дава податоци на огласувачите, туку ја работи целата работа место нив.

„Ние бараме од огласувачите да ни кажат до кого сакаат да стигне нивната реклама, а потоа им ја пласираме на луѓето. Ако ни дојде огласувач и ни каже дека тие продаваат опрема за скијање и сакаат да им  продадат скии на жените, тогаш ние знаеме кому треба да ја покажеме рекламата. Луѓето кои сакаат содржина поврзана со скијањето или рекле дека тоа ги интересира ќе ја видат рекламата, а притоа никакви податоци не одат до огласувачите“, објаснил Цукенберг.

Сепак, „Фејсбук“ и понатаму ги користи нашите податоци за да заработува пари, само не на начин на кој многумина мислат.

 

Scroll to Top