Последните денови светското внимание е насочено кон настаните во Сирија и реакциите на големите сили, пред сè Америка и Русија.
Весникот „Индипендент“ во подготовките за војната составил список од десет земји кои ги смета за најбезбедни во случај да избие војна. Списокот се темели на Global Peace индексот од минатата година.
- Ирска
Земја која практикува воена неутралност. На меѓународно поле е неутрална уште од 30-тите години од минатиот век. Доколку избие војна, веројатно би останала неутрална.
- Швајцарија
Нејзината неутралност трае од 1815 година. Од тогаш не учествувала во ниту една меѓународна војна, а нејзините планини се најдобра заштита од странска инвазија.
- Словенија
Во случај на меѓународен конфликт, оваа земја има термални, соларни и хидроелектрични ресурси поради кои нема да има никакви недостатоци. „Индипендент“ напоменува дека главно Словенија успеала да остане надвор од светските војни, па сметаат дека тоа ќе биде случај и за време на третата светска војна.
- Фиџи
Овој остров се наоѓа на југот на Тихиот Океан и географски е изолиран. Токму поради тоа е прилично безбедно место. Властите никогаш не се мешале во светските конфликти поради тоа што се изолирани.
- Данска
Иако би можела да биде вовлечена во конфликти затоа што е членка на НАТО, Данска има едно многу безбедно место – Гренланд.
- Австрија
Уште една земја која ни е во близина, а е безбедна е Австрија. И тоа токму поради тоа таа се наоѓа на 45. место на листата од 163 земји по својот индекс на мирот.
- Португалија
Политико ја нарекува оваа држава оаза на стабилност. Екстремно десниот популизам во оваа земја не пронашол основа уште од Втората светска војна.
- Нов Зеланд
Повеќе од половина од електричната енергија е добиена од хидроелектраните, земјата е плодна, посевите богати. Дури и да е изолирана од целиот свет, Нов Зеланд има доволно енергија за самоодржливост.
- Канада
Канада е осмата најбезбедна земја во светот, според индексот на мирот.
- Исланд
Исланд е прв на листата според индексот на глобалниот мир, а освен тоа, географски е оддалечен од другите земји кои би можеле да бидат вклучени во конфликтот.