Во терористички напад на фудбалски натпревар загинаа пет лица

Во експлозија на бомба на еден стадион на југот во Сомалија загинаа пет фудбалски навивачи, а осуммина се повредени, соопштила синоќа полицијата во таа земја.

Експлозијата се случила за време на фудбалскиот меч во градот Барава, изјавил полицаецот Абдиризак Ахмед за агенцијата АП додавајќи дека лицата кои се здобиле со потешки повреди се однесени во локалната болница.

Екстремистичката група Ал Шабаб е поврзана со Ал Каеда и ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад.

 

Scroll to Top