Заборавете на Беверли Хилс. Најскапиот американски поштенски број е островот Фишер кој се наоѓа јужно од Мајами на Флорида.
Овој остров е толку ексклузивен, што единствено може да му се доближите само со трајект или приатен брод.
Приватниот остров е дом на американската елита. Опра Винфри и Мел Брукс, се само некои од познатите личности кои имаат куќи на ова место, а сместени се меѓу бројните хотели, вили ѝ луксузни згради со апартмани.
Островот го купил во 1919 година, Карл Фишер, кој го основал Мајами Бич, познатот градител кој островот го купил од милионерот Дан А. Дорсеј и го нарекол според себе. На крајот Фишер го заменил островот за јахта од Вилијам К. Вандербилт II.
Средишното место на овој остров го завзема клубот на Фишер, екслузивниот хотел кој бил рестауриран во резиденција на Вандербилт.
Доколку сакате да бидете дел од ова ексклузивно друштво, подгответе ги парите. Локалната агенција за недвижности открила дека останале само уште неколку празни станови, кои можат да се купат, а лошата е дека чинат околу 20 милиони евра.
Но затоа жителите можат да уживаат во приватната марина и голф игралиште кое се наоѓа на самата средина на овој ексклузивен ресорт.