Сурфер кој утрово бил нападнат од ајкула успеал да доплива до брегот на југозападна Австралија и покрај сериозните повреди на двете нозе, соопштиле официјалните лица од локалната болница.
Човекот во триесеттите години сурфал во местото Грејстаун, кога околу осум часот утрото по локално време го нападнала ајкулата, пренесува агенцијата АП.
Поради сериозноста на повредите, веднаш му била дадена прва помош на плажата, а потоа со хеликоптер бил пренесен во болница во Перту.
Состојбата му е стабилизирана, пренеле лекарите.