Група на приврзаници на грчката Комунистичка партија се обидела денеска да ја струши статуата на поранешниот американски претседател Хари Труман во центарот на Атина за време на протестите против воздушните напади на САД, Франција и Британија врз Сирија.
Демонстрантите влегоа во конфликт со полицијат акоја употребила солзавец со цел да ги растера, а најмалку тројца демонстранти се повредени, јавил Ројтерс, повикувајќи се на сведоци.
Students who tried to bring down Harry Truman’s statue in Athens, are beaten by police during an anti-war protest. #Greece #Syria pic.twitter.com/k7xFgyKf9v
— Savvas Karmaniolas (@savvaskarma) April 16, 2018
На протестите се имаат собрано неколку стотина приврзаници на Комунистичката партија. Агенцијата АНА, повикувајќи се на извори од полицијата известува дека две лица се приведени, а дека едно лице е повредено на протестот.
Според наводите на грчката агенција, во протестите учествувале студенти и ученици кои марширале кон американската амбасада. Конфликтите избиле кај статуата на Хари Труман.
Во центарот на Атина во саботата се одржани протести поради ударот на Сирија, каде, според наводите на полицијата се собрале помеѓу 6000 и 7000 лица.
Демонстрантите се собрале во централниот дел на плоштадот во Атина, Плоштадот Ситагма, а потоа се упатиле кон американската амбасада, носејќи транспаренти и извикувајќи пароли против САД.
Кога стигнале до амбасадата, на улицата со црвена боја испишале: „Американци, убијци на луѓе“.