На младата новинарка Марина Ковачев (28) од Нови Сад итно ѝ се потребни 16.000 евра до крајот на месец април за во Истанбул да го продолжи лечењето по операцијата на тумор на мозокот, соопштила денеска новинарската школа во Нови Сад во која таа е вработена.
„Марина Ковачев минатото лето била оперирана од тумор, а сега нејзината терапија продолжува на клиниката ‘Санта Плус’ во Истанбул. Парите со кои семејството располагало, како и фондот за нејзина помош се потрошени на досегашното лечење. Марина претстојните четири недели ќе биде подложна на зрачење на мозокот и ‘рбетот и поради тоа престојот во болницата го има продолжено за уште пет недели, место планираната една“, се наведува во соопштението за јавноста.
Парите може да се уплатат на сметката на мајката на Марина, Светлана Бошковиќ: Банца Интес, чиј број е 160-2700100006090-06, а повеќе информации за уплата на девизната сметка е можат да се пронајдат на сајтот на новинарската школа во Нови Сад.
Во рамки на акцијата за собирање помош за Марина Ковачев ќе бидат организирани неколку настани.
В четврток, 19 април, во Нови Сад, во клубот „Кучерда“ од 21:30 ќе биде организирана хуманитарна свирка.
В сабота, 21 април, во центарот на нејзиното родно место ќе биде организиран хуманитарен базар, на кој секој од заинтересираните излагачи со најразлична стока ќе може да продаде и подоцна да ги донира парите за лечење на Марина Ковачев.
Марина Ковачев завршила основни студии по новинарство и мастер-студии менаџмент по човечки ресурси.