Може ли да постои вештачка интелигенција како HAL 9000?

Кинематографија неодамна прослави 50 години постоење. Тој е суперкомпјутерот од филмот „2001: Вселенска одисеја“.

HAL е способен за продукција и разбирање на говор, препознава лица, чита од усни и игра шах. Неговите супериорни компјутерски способности добиваат и некои човечки карактеристики: оваа вештачка интелигенција може да разбира емоции, човечко расудување и уметност.

Во една од најпознатите сцени во историјата на научната фантастика, HAL изразува страв кога докторот Дејвид Боуман започнува да ги исклучува неговите мемориски модули бидејќи овој интелигентен систем претходно изврши серија убиства на вселенскиот брод.

Сепак, колку и ова сценарио да звучи реално, не постои ништо што би можело да укажува на тоа дека таква емоционална вештачка интелигенција еден ден навистина ќе постои.

– Суровата вистина е дека без оглед на тоа што кажуваат научниците, никогаш нема да може да програмираме емоции на начин на кој што HAL тоа го разбираше, бидејќи ниту ние самите не ги разбираме доволно нашите емоции, вели доктор Гиљом Тијери и додава дека и покрај тоа што психолозите и невролозите вложуваат огромни напори во обидите да откријат како емоциите реагираат со когницијата, емоциите сепак остануваат мистерија.

Еден од примерите кои научникот го споменува е студија во којашто учествувале лица кои говорат кинески и англиски јазик. Научниците истражувале како емоционалната вредност на зборовите влијае на потсвесната промена во менталните операции.

Кога на учесниците во истражувањето им биле претставувано зборови со позитивно или неутрално значење на англиски јазик, како на пример „годишен одмор“ или „дрво“, тие несвесно ги поврзувале тие зборови со зборовите на кинески јазик кои имаат исто значење.


Но, кога им биле претставени зборови со негативно значење, како „убиец“ или „силувач“, нивните мозоци автоматски го блокирале пристапот кон нивниот мајчин јазик – без тие да размислуваат за тоа.

– За разумот и логичкото расудување се знае многу. Човек може да објасни како носи рационална одлука, запишува правила и тие правила ги претвора во код. Од друга страна, емоционално еволутивното наследство и понатаму е непознато. Изворот на емоциите е извор на сè, не само еден од обележјата на мозокот. Разумот има цел, емоциите не, вели Тијери.

Еден од начините на коишто може да се интерпретира емоционалното однесување на HAL е тоа дека системот е програмиран да симулира емоции во екстремни ситуации, обидувајќи се да манипулира со човековите емоции во моменти кога нивниот разум го бара тоа, смета научникот.

– Според мене, никогаш нема да можеме да направиме машина којашто чувствува, се
надева, се плаши или е среќна.

Scroll to Top