(Видео) Американски тенисер направил инцидент на турнирот во Монте Карло

Мечот во првото коло од мастерс-турнирот во Монте Карло меѓу Американецот Јареда Доналдсон и Шпанецот Алберто Рамос ќе остане запаметен по жестокиот напад на американскиот тенисер врз судијата.

Шпанецот го добил првиот сет со 6:3. Во вториот сет, при предност од 3:2, Рамос сервирал за освојување нов гем. Силно го удрил топчето, а Доналдсон не се ни поместил. Судијата покажал дека топчето паднало на линијата и досудил гем за Рамос. Тогаш настанала вистинска драма.

21-годишниот Американец се доближил до линијата и покажал дека трагата од топчето е надвор од теренот. Судијата не се согласува со него. Кавгата траела кратко време, а потоа Доналдсон се залепил до судијата и гласно викнал.

„Не ми ја покажуваш трагата!“

Доналдсон побарал и разговор со супервизорот, но ништо не се променило. Американецот на крајот саркастично му подал рака на судијата и се извинил за неговото однесување.

Рамос на крајот славел со резултат 6:3, 6:3.

Scroll to Top