Деветнаесетгодишнина од смртта на специјалците во Џаковица

Деветнаесетгодишнината од смртта на тројцата припадници на специјалната полициска единица Кикинд, беше обележана со тишина и со тага во храмот Свети Козма и Дамјан во нивниот роден град.

Јеленко Буниќ (26) од Руското Село, Жељко Раужан (29) од Канјиже и Горан Сандиќ (26) од Кикинда, ги изгубиле животите во селото Жабељ кај Џаковица.

Деветнаесет години подоцна раните сеуште крварат. Непрежалените момчиња и нивните семејства, пријатели и колеги одржале парастос во храмот, обележувајќи ја годишнината од нивната смрт.

Предраг Величков, припадник на специјалната полициска единица сеуште го памети кобниот ден, 16 април кога со колегите бил на воено боиште.

„Бевме во шумата, во близина на селото Жабељ. Имав тогаш 28 години, како и моите колеги. Од сите страни се пукаше, куршумите ни минуваа покрај главата, се сеќавам дека беше некаде на пладне, а бевме на позицијата каде падна бомба. Бомбата падна над главата на Буниќ. Го гледав мојот пријател како лежи. Не беше свесен што се случува, а јас му повторував дека се ќе биде во ред. Димот чадеше насекаде околу нас“, се присетува Величков на тој кобен ден.

Жељко, Горан и Јеленко засекогаш си заминале, а колегите велат дека изгледале како да спијат.

Божо Штрбац од Кикинда бил извидник на единицата ѝ тој ги извлекувал ранетите.

„Траумите се уште постојат и сеуште ги имам тие сцени во мојата глава“, изјавил Штрбац.

Хероите никогаш не умираат“, порачале колегите на настраданите момчиња, а спомените за нив ќе живеат вечно!

 

Scroll to Top