Големите кучиња, познати по својот самечки живот, почнале да се собираат во јата од 1.400 единки во Атлантскиот Океан.
Јатата од по илјада ајкули од видот Cetorhinus maximus, познати како големите кучиња, биле забележале од страна на истражувачите од Научниот центар за управување со рибарство на САД (NFSC).
Другата најголема риба на светот со монструозно голема уста ги има променето своите навики, па сѐ повеќе доаѓа до источниот брег на Северна Америка.
Набљудување
„Преку набљудувањето од воздух и со податоците што ги добиваме од бродовите и сателитите дојдовме до интересни податоци за нивните движења“, вели Лија Кроу, истражувач за загрозените видови во NFSC.
Интересно е дека овие животни, кои биле познати по самечкиот живот, почнале да се собираат во јата од 30, па дури и до 1.400 ајкули. Научниците ги следат веќе 40 години и промената и однесувањето биле многу необични.
Сепак, како што нагласуваат научниците, овие ајкули се хранат само со планктони, па нема никаква опасност за животот на луѓето.
„Не ги знаеме причините за собирањето во јато, но веројатно на тој начин полесно стигнуваат до храна“, вели Кроу.
Најголемите суштества во морето
Поголема риба од големите кучиња е само китот ајкула, чија должина изнесува до 12,65 метри. Најголемото животно, пак, во морето е синиот кит, кој не е риба, туку цицач, и може да биде долг до 30 метри.