(Видео) Реална симулација на експлозија на атомска бомба во Вашингтон

Научниците од Политехничкиот универзитет на Вирџинија симулираа експлозија од атомска бомба во центарот на Вашингтон. Видеото од експлозијата е објавено на каналот на „Јутјуб“ – „Научен магазин“.

Во видеоклипот симулирана е експлозија од пет килограми со високо богат ураниум. Според сценариото, бомбата што стигнала во рацете на терористите е скриена во обична пратка и се наоѓала на неколку километри оддалеченост од Белата куќа.

Во коментарите под ова видео научниците детаљно ги опишале можните последици од експлозијата.

Човечки жртви, рушење на зградите, исклучување на електричната енергија, ширење радијација.

„Повеќето од градските населби би исчезнале во огнената топка со големина на две третини од онаа што ги погодила Хирошима и Јапонија“, е наведено во соопштението на оваа компјутерска симулација.

Симулирајќи ја оваа нуклеарна експлозија, научниците направиле детаљна мапа на американската престолнина со виртуелни жители.

Видеото прикажува разни варијанти на однесувањата на луѓето во вонредна состојба: паника и обиди да се пронајдат членовите на семејствата.

 

 

 

Scroll to Top