(Видео) Жесток судир на НБА-ѕвездите на Јута и Оклахома

Кошаркарите на Јута славеа на домашен терен против Оклахома во плеј-офот од НБА-лигата со 113:96 и така направија голем чекор кон ¼ финалето.

Јута води со 3:1 во серијата што се игра до четири добиени натпревари.

Натпреварот во Солт Лејк Сити го обележа физичката пресметка помеѓу НБА-ѕвездите. Судирот се случи на три минути пред крајот на натпреварот. Џеј Кролдер намерно со лакт го удри Стивен Адамас, а тоа не им се допадна на соиграчите Вестбрук и Ентони, кои почнаа голема расправа.

Откако настана мешаница на средината на паркетот мораше да интервенира и обезбедувањето за да спречи поголем скандал во најсилната кошаркарска лига во светот. Кролдер на крајот беше исклучен.

Scroll to Top