Вооружен крадец кој се обидел да ограби една продавница во мексиканскиот град Сан Бернабеу бил совладан од еден постар муштерија.
Иако постоела можност да биде застрелан, господинот останал присебен и го искористил моментот на невнимание на криминалецот и скокнал на него успевајќи да му го земе оружјето.
Момчето посегнало и по ножот, но постариот господин не се предавал, а во понатамошната борба момчето останало и без маицата, па во еден момент успеало да побегне.
Но, со помош на работниците од месарницата, крадецот беше совладан.