Дали ЕУ ги затвори вратите за Балканот до 2027 година?

Европската комисија предложила денеска зголемување на буџетот за период од 2021 година до 2027 година на 1,28 билиони евра, кој треба да биде пополнет по излегувањето на Британија од ЕУ.

Но, и покрај поголемиот број пари во заедничката каса, сè уште не се предвидени средства за понатамошно проширување на Унијата. Во врска со тоа, се поставува отворено прашањето за европската перспектива на земјите од Балканот.

Европската комисија за периодот од 2021 до 2027 година предложила нова архитектура на заедничкиот буџет.

Излегувањето на Велика Британија од ЕУ и повлекување на допринесот на Лондон во заедничкиот буџет, како и новите предизвици на ЕУ би требало да бидат покриени низ заштедите на постоечките програми, но и низ дополнителните издвојувања на земјите членки.

Европската комисија предложила поголемо издвојување и за одбраната и безбедноста на ЕУ, управување со надворешните граници, внатрешната безбедност, дигитализацијата, зачувување на животната средина, како и помош за соседните земји и остатокот од светот во рамките на решавање на миграционата криза.

„Со денешниот предлог сакаме да претставуваме прагматичен план за тоа како со помалку да постигнеме повеќе“, изјавил претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

На ваквата можност предупреди уште на средината на минатата година шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

Тој тогаш изјавил дeка се носи буџет на ЕУ за седум години и дека ако во тој буџет нема планирани средства кои би биле наменети за влез на некои земји во ЕУ, тогаш ќе се добие впечаток дека ваквата тема сè повеќе и повеќе ќе се одолговлекува.

Францускиот претседател Емануел Макрон, означен како нов лидер на Стариот Континент, во моментите на неодамнешното обраќање во Европскиот парламент силно ја отфрли можноста од понатамошното проширување додека ЕУ не спроведе внатрешни реформи.

Иако познавачите на оваа тема велат дека тоа се два одвоени процеси, кои меѓусебно не се исклучуваат, оваа изјава е поздравена со ентузијазам. Ништо поохрабрувачка не е ниту најновата вест, односно дека во заедничката каса не се предвидени средства за проширување на Унијата.

Scroll to Top