Американскиот федерален суд му наложил на Иран да им плати 6 милијарди долари отштета на семејствата на настраданите во терористичкиот напад на Њујорк на 11 септември 2001 година затоа што, како што се наведува, неколку државни институции биле поврзани со помагањето на терористите на Ал каеда.
Судијата Џорџ Б. Даниелс соопштил дека Исламската Република Иран, нејзината Централна банка и Револуцинерната гарда биле подложни на давање помош на терористите што ги одзеле животите на илјадници невини луѓе, се наведува во соопштението.
Како што рекол адвокатот што ги застапувал семејствата на загинатите, Федералниот суд утврдил дека Иран ѝ обезбедил материјална поддршка на Ал каеда.
„Изнесените докази утврдиле дека давањето материјална помош на Ал каеда од страна на Иран била главната причина за нападот на 11 септември“, изјавил адвокатот Роберт Хефел.
Според пресудата, Иран би требало да им плати отштета по 12,5 милиони долари на секоја од сопругите на жртвите, по 8,5 милиони долари на родителите, исто толку и на децата и по 4,5 милиони на секој од роднините на исчезнатите.
Ова не е првпат судијата Денијелс да донесе пресуда против Иран во случајот со 11 септември. Такво нешто го наредил Техеран во 2011 година, како и во 2016 година.
Техеран сѐ уште не се огласил по прашањето на последната пресуда, но и претходните обвинувања ги отфрли како бесмислени и истакнал дека никој од терористите што го подготвувале нападот не бил државјанин на Иран, како и дека ниту една истрага никогаш не го поврзала Иран со нападот.
Но, луѓето што се означени како организатори на нападот, 15 од нив биле државјани на Саудиска Арабија, 2 од Обединетите Арапски Емирати, еден Египќанец и еден Либанец.
Iran is ordered to pay $6BILLION in damages to families of victims of 9/11 https://t.co/ghDp5nFA2X
— Daily Mail US (@DailyMail) 2 May 2018
Пресудата е донесена по објавата дека семејствата на жртвите планираат да поведат тужба и против Саудиска Арабија.
Членовите на семејствата на загинатите и оние што го преживеале терористичкиот напад во Њујорк уште во 2003 година поднеле тужба против властите во Саудиска Арабија тврдејќи дека свесно им помогнале на киднаперите на авионот и го поттикнале развојот на Ал каеда. Садуската влада тогаш одлучно ја отфрлила секоја вмешаност во нападите.