Владимир Комаров е првиот астронаут кој умрел во вселената

Владимир Комаров бил припадник на првата генерација советски астронаути, со Јуриј Гагарин и Герман Титов.

Сојуз 1 бил првиот лет со човечки екипаж во рамки на Советската вселенска програма. Леталото е лансирано во орбитата пред 51 година, во април 1967 година, со астронаутот Владимир Комаров.

Комаров е првиот човек во историјата кој двапати патувал во вселената и е прв кој умрел во вселенска мисија.

Неговиот прв лет, Восход 1, во 1964 година бил успешен, но на вториот лет, кој се случил три години подоцна, загинал. Тогаш имал 40 години. Според првичниот план, Сојуз 1 во орбитата требало да се сретне со Сојуз 2, да го размени екипажот и да се врати на Земјата.

Но, од самиот почеток мисијата била оптоварена со проблеми. Инженерите и конструкторите пријавиле дури 203 грешки на леталото, кои биле целосно игнорирани. И покрај техничките недостатоци, политичкиот врв побрзал со лансирањето.

Поради сето тоа, се откажало лансирањето на Сојуз 2, а Сојуз 1 по брза постапка требало да се врати на Земјата по само 18 часа во орбитата. Ориентирајќи се според Месечината, Комаров успеал со рачни команди да ги вклучи  моторите за враќање кон Земјата. Уште за време на кружењето околу нашата планета почувствувал дека нема да успее да се врати жив.

При влез во атмосферата вселенското летало се движело околу шест километри во секунда и доживувало аеродинамични сили и екстремна топлина поради триењето со атмосферата.

За време на падот пораките биле речиси неподносливи за слушање. Астронаутот плачел и беснеел, па ги пцуел оние кои го ставиле во расипан вселенски брод. На снимката се слуша како вика дека расте температурата во капсулата.

Поради  проблем на јажињата, падобранот не се отворил до крај. Капсулата удрила во земјата со брзина од 140 километри на час.

 

 

 

Scroll to Top