Кина се наметнува како нова суперсила во борбата против климатските промени

Во американската стратегија за Арктикот, која ќе биде објавена ова лето, американскиот министер Ричард Спенсер заклучил дека целиот Северен Пол се топи, но дека Кина се наметнува како нова суперсила која има подготвено своја стратегија за овој проблем.

Светската политика, односно геостратешката состојба со климатските промени околу ледениот покривач, како што наведува Форин, морала да се менува по само четири години.

Со топењето на ледот, кој бил замрзнат со векови, се отвораат нови пловни патишта. Се ослободуваат нови ресурси. Сега и Кина го бара својот дел од Арктикот. Глобалните амбиции на Пекинг се доминација на кинеската трговија преку новиот пловен пат преку Арктички Океан.

Кина веќе некое време има статус на набљудувач на Арктикот, а во својата стратегија таа се обидува да стане и земја со дел во тоа подрачје, што директно може да влијае на амбициите на САД.

Кинеската стратегија подразбира и помош во финансирање на стратегијата на земјите во арктичкиот појас, како Финска, Норвешка, Исланд, Данска и Шведска.

Тоа подразбира и финансирање научни истражувања затоа што Кина и тоа како е свесна за тоа дека топењето на Арктикот може да предизвика поплави во крајбрежниот појас на овие земји поради подигање на нивото на морето.

Во светот во кој САД на чело со Доналд Трамп се откажува од какви било настојувања да се наметнат како лидери во борбата против климатските промени, Кина не ја крие својата намера да се наметне како глобална одговорна суперсила.

 

 

Scroll to Top