Повеќе бебиња се раѓаат со многу малку коса, но тоа не е случај со Лекси Роуз, чија бујна црна коса можела да се види уште на ултразвук.
Лекси Роуз има само пет месеци, но поради својата густа коса и фризура која наликува на таа на Елвис Присли го привлекува вниманието каде и да се појави.
Нејзината мајка Хана Холинс изјавила дека нејзината постара ќерка Софија Хоуп (4) до скоро ја носела титулата „бебе со најдолга коса“, но малата Лекси ја симнала од тој трон.
„Дваесет пати дневно морам да застанам за луѓето да ја видат и да се воодушевуваат на нејзината коса“, изјавила 29-годишната Хана.
Кога Хана била во 31. недела од бременоста лекарот забележал дека петмесечната Лекси ќе има бујна црна коса.
„Главно не може да се види каква коса ќе има детето кога ќе се роди, но ние знаевме дека ќе биде долга и густа затоа што можеше да се види на ултразвук“, истакнала мајката на двете девојчиња и додала дека не планира да ѝ ја крати косата.