Американски тренери обвинети за силување

Двократниот олимписки шампион во теквондо Стивен Лопез и неговиот брат Жаен се обвинети за силување од страна на четири жени.

Браќата Лопез, кои сега работат како тренери по теквондо во тамошниот сојуз, и претходно биле во центарот на скандалот со сексуално вознемирување, а американските медиуми пишуваат дека на пријавите на овие четири жени ќе се приклучат и други девојки.

Наводно, се очекуваат уште 44 пријави за сексуално вознемирување и злоупотреба.

Обвинувањата го опфаќаат периодот од 1996 година до 2018 година. Период кога и двајцата активно се натпреварувале.

Менди Мелон е една од тие жени кои Жаен ја малтретирал на Светското првенство во 1997 година, а тогаш имала само 15 години. Нејзината цимерка Кеј По го обвинила Жаен дека ја силувал во 1999 година на Светското првенство во Канада. Тогаш таа имала 17 години.

Сојузот по Теквондо наводно имал претстава и информации за тоа што се случило, но се одлучиле да молчат и да ги прикријат трагите. Но и во Сојузот е покрената внатрешна истрага, додека браќата Лопез се суспендирани пред месец дена.

Ова е само уште еден скандал со сексуално вознемирвање во спортот во САД. Последните неколку години државата ја тресат скандали околу силувања со гимнастичарки. Во моментов се водат неколку судски процеси.

 

 

Scroll to Top