Австралиски научник усмртен во болница по негова желба

Австралискиот научник Дејвид Гудал (104) го заврши изминатата недела својот живот со медицинска помош во клиника во Швајцарија. Тој починнал во средата во 12:30 часот во Базел.

Со звуците на музиката на Бетовен „Ода на радоста“, неговите лекари му вбризгале смртоносна доза на лекови. Гудал бил опкружен со семејството. Научникот на денот на својата смрт покажал голема желба и нетрпение да конечно си замине од овој свет. Додека неговото семејство ги популнувало формуларите, 104 годишниот научник непрекинато барал да се забрза работата и постојано приговарал.

„Што чекаме? Ајде, ќе почнеме ли веќе еднаш?“, постојано зборувал Гудал.

Неговите последни моменти ги опишал доктор Филип Ничке. Пред вбризгувањето на смртоносната инекција, еден од лекарите поставил четири прашања. Како се вика, датумот на раѓање, зошто дошол во клиниката, и на што се надева по смртта. Последниот одоговор ги шокирал присутните.

„Само се надевам дека срцето ќе ми застане“.

По вбризгувањето на инекцијата, сите чекале Гудал да потоне во вечниот сон, но на него и ваквата процедура му се видела предолга, па ги прашал лекарите – колку долго ова ќе трае? –.

Тоа биле неговите последни зборови, пред да почине.

„Никогаш не сум слушнал нешто слично на ова, но господинот очигледно бил многу нестрплив“, изјавил келарот и додал дека последната желба на Гудал му била испонета. Поскала мирна смрт и тоа на крајот го добил.

Овој принзат еколог и ботанчар, изјавил дека на ваков чекор се одлучил затоа што бил се помалку способен да се грижи самиот за себе си. Во интервјуто направено на неговиот 104 роденден, минатиот месец, тој изјавил:

„ Не сум среќен. Сакам да умрам. Тоа не е тажно. Тажно е ако на човек тоа не му се дозволи“,

„Би заминал и за Австралија, и навистина ми е жал што земјата доцни зад Швајцарија кога се во прашање правата на смрт“, изјавил тој во пресрет на еутаназијата.

Гудал пред смртта изјавил дека се надева дека неговиот случај ќе ги поттикне одговорните во Австралија и другите земји, да ги разгледаат своите законодавства. Инаку Давид неуспешно се обидел да изврши самоубиство на почетокот на оваа година.

Scroll to Top