Кинезите ја купуваат компанијата „Горење“

Кинеската компанија „Хајсенс“ во наредните денови ќе даде своја понуда за купување на „Горење“, компанија која има преку 10.000 вработени работници во Словенија, Србија и Чешка.

За да ја превземе „Горење“, кинеската компанија „Хајсенс“, која понудила околу 11.80 евра по акција, треба да купи 50% и една акција повеќе.

Покрај „Хајсенс“, за „Горење“ заинтересирани биле и други големи компании, но оваа понуда била избрана.

Понудена е цена речиси два пати поголема од таа на берзата во Љубљана, пишува siol.net.

Хајсенс групата е основана во 1969 година и претставува една од поголемите во Кина која се занимава со производство на бела техника и елктроника.

Голем интерес на стратешкиот партнер за купување Горење, како и изненадувачко високата цена која оваа компанија ја добила, докажува дека таа има голем потенцијал да се прошири и на пазарот во Европа, Австралија, како и на пазарот ширум светот.

„Горење“ компанијата е прва во Словенија за која се бореле компании кои во оваа индустрија се меѓу најголемите во светот.

 

 

Scroll to Top