Рускиот патролен брод Јарослов Мудри, ги следи акциите на американскиот носач на авиони Хари Труман, во Средоземното море, играјќи си со него криенка.
Новинарите на британската телевизија, ИТВ снимија видео во кое наводно е забележан руски патролен брод.
Американски и руски морнари одржуваат радио врска за протоколот кој е установен за време на Студената војна, што овозможува да се избегнат понатамошни инциденти, наведува весникот.
Телевизијата потсетила дека во јуни 2016 година, Јарослав Мудри и Хари Труман веќе се сретнале во Средоземното море. Тогаш американскиот разорувач Грејвил кој ги следел носачите на авиони, извел опасен маневар за да ја избрка руската фрегата.
With US and Russian warships playing cat and mouse on the open seas, are we seeing evidence of a new Cold War? ITV News Correspondent @johnirvineitv has been aboard the aircraft carrier USS Harry S Truman https://t.co/fcYtGWS1G2 pic.twitter.com/oRK7s2AYLL
— ITV News (@itvnews) 11 May 2018
Разорувачот се приближил до Јарослав Мудри на 60-70 метри и го пресекол патот на движење на патролниот брод на растојание од 180 метри.
Пентагон изјавил дека руските морнари давале лажни сигнали, обидувајќи се да му се приближат на американскиот разорувач и да му направи пречка во намерите на акциите на Воената морнарица на САД.