Овен
Поради поволните планетарни аспекти, љубовниот живот на овновите ќе биде динамичен и активен. Слободните припадници на овој знак ќе запознаат интересна личност преку социјалните мрежи, а во тоа ќе имаат поддршка од своите пријатели. Оние кои се во врска или брак ќе поминуваат повеќе време заедно и ќе го зајакнат односот.
Бик
Емотивните односи во текот на овој месец ќе бидат исклучително важни. Многумина ќе бидат соочени со предизвици и ќе мораат да покажат висок степен на емоционална зрелост. Проблематичните врски и бракови ќе имаат можност да се справат со спорните прашања и да изнајдат решение.
Близнаци
Осамените ќе мораат да бидат трпеливи и да почекаат настанување на нова врска, но можноста за такво нешто ќе се појави околу 18 мај. За да дојде до тоа, неопходно е да го проширите кругот во кој се движите. Како резултат на нешто врзано со работата, оние што се во врска или во брак ќе наидуваат на негодување и замерки од страна на партнерот.
Рак
Сите одлуки поврзани со емотивните односи треба да ги одложите за подоцна, бидејќи во текот на овој месец многу нешта нема да ви бидат јасни. Слободните можат да очекуваат нова врска, но со неа ќе дојдат и одредени проблеми. Уживајте во излегувањата и флертовите, но не очекувајте ништо сериозно. Оние кои се во врска би можеле да наидат на одредени пречкии и да ги преиспитаат своите емоции.
Лав
Во текот на месецот повеќе ќе бидете насочени на страста и сексот, отколку кон нежните прошетки. Слободните лавови ќе имаат можност да се запознаат со потенцијалниот партнер, додека тие во врска ќе сфатат дека се на добар пат нивниот однос да биде подолг и потраен. Брачните парови ќе бидат зафатени со активности. На брачните односи може негативно да влијае стресот од работата, што особено може да се одрази на сексуалниот живот.
Девица
Осамените девици имаат големи шанси да го променат својот љубовен статус бидејќи ќе привлекуваат со својот шарм и неодоливост. Од друга страна, за припадниците на овој знак кои се во врска, ова не е поволен период за долгорочни одлуки. Обие што се во брак имаат за цел да го зачуваат мирот во партнерските односи.
Вага
Слободните ваги можат да очекуваат новиот партнер да го запознаат на некој јавен настан, во образовните установи или можеби во странство. Припадниците на овој знак кои се во врска ќе се најдат пред сериозни предизвици и ќе мораат да размислат за својата посветеност во љубовта и евентуалната иднина со сегашниот партнер. За вагите кои се во брак, мај е поволен месец во кој ќе ја планираат иднината и ќе донесуваат важни одлуки.
Скорпија
Мај ќе биде многу значаен на емотивен план. Слободните припадници на овој знак новиот партнер би можеле да го пронајдат на социјалните мрежи, или преку некој близок пријател. Ако сте на самиот почеток, дозволете врската постепено да се развива. Оние што се врска или брак, ќе бидат прилично авантуристички расположени.
Стрелец
Ова ќе биде прилично турбулентен месец кога станува збор за вашите емотивни односи. Слободните припадници на овој знак би можеле да влезат во нова врска, но и да се соочат со проблеми, додека зафатените би можеле да се одлучат за потомство. Сепак, најважно ќе биде да се зачува хармонијата во односот и да се избегнуваат непотребните препирки.
Јарец
Иако слободните ќе им бидат магнетно привлечни на спротивниот пол, тие нема да пронајдат соодветен партнер, бидејќи личностите на кои ќе наидуваат ќе сакаат забава, а не посветеност. За оние кои се во врска ова не е поволен период за долгорочно планирање и важни одлуки.
Водолија
Слободните водолии нема да ги интересира сериозни врски, но ќе имаат доста можности добро да се забавуваат. Водолиите кои се во врска ќе имаат потреба од повеќе слобода, а тоа би можело да ја стави врската под прашање. Оние што се во брак од партнерот ќе бараат повеќе посветеност и романтични моменти. Но, во реалноста и двајцата повеќе ќе се занимавате со себеси.
Риби
Слободните риби би можеле да запознаат нов партнер додека брзаат кон реализирање на своите финансиски планови. Оние што се во врска ќе бидат повеќе посветени на заедништвото и на емотивни размени, а потоа ќе мора да се насочат на решавање на некои практични прашања.