Состојки:
Тесто:
600 гр брашно
2 лажици сув квасец
1 мала лажичка шеќер
Сол по желба
2 јајца
Млака вода по потреба
Фил:
2 лажици путер
3 лажици масло
400 гр сирење
200 гр спанаќ
Малку сол
Премачкување:
1 жолчка
1 лажица вода
сусам
Од горе наведените состојки замесете тесто. Замотајте го и оставете го околу половина час да нарасне.
Откако ќе нарасне, поделете го тестото на 6 еднави делови. Секој дел обликувајте го во топче.
Растопете го путерот и додадете му го маслото. На оваа смеса додадете го сирењето и малку сол па измешајте.
Спанаќот малку пропржете го, исцедете го и исечкајте го ситно.
Додадете го во смесата со сирење и промешајте.
Секоја топка тесто растегнете ја со големина на плехот во кој ќе печете (плех бр.34) и посипете со филот.
Последното тесто намачкајте го со изматената жолчка и вода.
Оставете плехот да отстои дваесетина минути.
Посипете со сусам и печете на 180 степени додека питата не добие убава боја.
Готовата пита премачкајте ја со путер, покријте ја и оставете да омекне.
Исечете ја на големи коцки и послужете ја.