Кинезите лансираа сателит до темната страна на Месечината

Кина денеска лансирала во вселената вештачки сателит со кој се планира да се олесни комуникацијата на контролорот на Земјата со лунарната мисија која подоцна оваа година би требало да го спушти вселенското летало на темната страна на Месечината.

АП пренесува дека кинеското Национално астронаутичко биро на сајтот објавило дека сателитот Chuećiao, наречен по древната кинеска народна приказна, бил упатен во вселената со помош на ракетата „долг марш-4C“, од центарот за лансирање сателити Сичанг во југозападната покраина Сечуан.

Агенцијата наведува дека Кина се надева дека ќе стане првата земја која ќе успее да изведе меко слетување на сондата на делот на страната на Месечината што е позната и како темната страна затоа што е свртена спротивно од Земјата и претставува дел кој е релативно непознат за човештвото.

 

Scroll to Top