Еден месец по самоубиството на шведскиот диџеј Авичи, тој не е погребан. Семејството на починатиот диџеј вчера објави соопштение во кое стои дека погребот ќе биде затворен за јавноста, а новинарите и неговите обожаватели се замолени да ја почитуваат оваа нивна одлука.
„Последниве неколку дена добивме многу прашања за погребот. Сакаме да ве известиме дека погребот ќе се одржи само со присуство на најблиските пријатели и семејство на Тим, а новинарите и обожавателите ги замолуваме да ја почитуваат оваа одлука“, стои во соопштението.
Славниот диџеј Тим Берлинг, познат во јавноста како Авичи, минатиот месец беше пронајден мртов во хотелска соба во Оман.