Меѓународен тим на истражители по направената анализа на видео-снимката утврдил дека авионот на „Малезија Ерлајнс“ на летот MH17, пред четири години бил соборен од страна на руска воена единица со ракетен систем Бук.
Во несреќата загинаа 298 патници. Виберт Полисен од холандската полиција изјавил на презентацијата на резултатите, дека авионот го соборила ракета од 53 противоздушната бригада на руската војска со седиште во рускиот град Курск.
Патничкиот авион на 17 јули во 2014 година, патувал од Амстердам кон Куала Лампура, кога бил соборен над територијата на Украина. Сите 298 патници и членови на екипажот загинале.
Русија во повеќе наврати негирала било каква вмешаност во соборувањето на малезискиот патнички авион.
Russian military unit’s missile downed MH17, investigators say https://t.co/lDhaPkT3tB pic.twitter.com/cRvgFEKlxX
— euronews (@euronews) 24 May 2018