Роналдињо ќе се ожени со две жени

Бразилските медиуми објавија дека легендарниот фудбалер Роналдињо ќе се ожени со своите две „свршеници“ Присила Коељо и Беатриз Соуза, бидејќи од декември живеат во „хармонија“ во неговиот дом од 5 милиони фунти во Рио.

Роналдињо ја почнал врската со Беатриз во 2016, но ја продолжил и врската со Присила, која веќе траела неколку
години.

Според бразилските медиуми тие добиваат „џепарлак“ од 1.500 евра кои можат да го трошат како сакаат, а
добиваат и идентични подароци од него.

Сега, Роналдињо, откако минатиот јануари ги запросил двете девојки, планира да се ожени со нив во приватна церемонија во Санта Моника, Рио, каде што живее од 2015 година. Сестрата на Роналдињо, Деиси, која се противи на ваква врска, нема да присуствува на венчавката.

Scroll to Top