Пејачот на „Оејзис“, Лиам Галагер, неодамна првпат ја сретна својата сега 21-годишна ќерка Моли Муриш. Галагер самиот го објави ова, постирајќи фотографија на којашто стои покрај Моли, која пораснала со мајка ѝ Лиса. Тие биле во друштвото на Ленон и Џин, синовите на Галагер од неговите бракови со пејачките Петси Кензит и Никол Еплтон.
Минатата година, Галагер призна дека никогаш не се запознал со Моли, оти не е во добри односи со мајка ѝ, која исто така е пејачка.
„Таа имаше сè што ѝ треба во животот и одеше во добри училишта. Им купив куќа и сè што оди со неа. Едноставно, мислев дека ѝ е подобро со мајка ѝ“, рече Галагер во едно дамнешно интервју за магазинот „Џи-Кју“, додавајќи дека еден ден би сакал да ја запознае.
Галагер има уште една ќерка, од врската со американската новинарка Лајза Горбани.
„И со неа не сум се сретнал. Ако им треба нешто, слободно нека ми се јават“, рекол Галагер.